16 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА40 проценти од Италијанците сакаат да ја напуштат еврозоната

40 проценти од Италијанците сакаат да ја напуштат еврозоната

tricoloreitalianflag

Во Италија расте отпорот кон заедничката европска валута, а според најновите анкети 40,1 проценти од Италијаните сакаат Италија да ја напушти еврозоната, во однос на почетокот на 2014 година кога тогашните анкети покажуваа дека тоа го сакале само 25,7 процени од населението.

Повеќето противници на еврото сметаат дека заедничката европска валута и нанела штета на италијанската економија, покажуваат податоците.

Според мислењето на 22,7 проценти од испитаниците, од еврото профитираат само побогатите членки на ЕУ, а 71,5 проценти изјавиле дека куповната моќ во последната година драстично им се намалила.

Трошоците за подароци ги намалиле 82 проценти од граѓаните, 80,8 проценти од нив ретко јадат надвор од домот, а 74,7 проценти ги намалиле трошоците за патување и годишен одмор. Околу 80 проценти трошат помалку на електроника и технологија.

Кога станува збор за економските изгледи на нивната земја, Италијаните се песимистични. Дури 88 проценти од испитаниците сметаат дека состојбата на економијата во Италија се влошила во последната година, а 55,7 проценти тврдат дека нема да биде подобро ниту во оваа година.

Само 18,9 проценти од Италијаните имаат доверба во сопствената влада, а дури 10,1 проценти од нив веруваат во парламентот, покажаа истражувањата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП