24 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИNestle поради франкот ги намали цените на 600 производи

Nestle поради франкот ги намали цените на 600 производи

nestlesuisse54bvrg574r

Во врска со најновиот скок на вредноста на швајцарската валута, компанијата „Nestle“ одлучи да ги намали цените на повеќе од 600 производи кои се увезуваат од еврозоната.

„Nestle“ сака да ја поддржи куповната моќ на швајцарските потрошувачи и да го ограничи „шопинг“ туризмот.

„Поради откажувањето на централната банка, курсот на домашната валута да го одржи на ниво од 1,20 франци за евро, цените на нашите производи конвертирани во евра се зголемени за повеќе од 15 проценти за само еден ден“, истакна на конференцијата за новинарите генералниот директор на компанија „Nestle“, Еугенио Симиони, пренесува швајцарскиот весник „24 часа“.

Тој додаде дека нивните приоритети засега се да се намалат трошоците за производство за да се задржи обемот на продажба и пазарниот удел.

Истиот извор потсетува дека „Nestle“ во Швајцарија вработува околу 3.400 лица во секторот за производство, логистика, продажба и администрација. Групацијата располага со осум производни погони, од кои две третини од производството се наменети за извоз.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП