4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕлектраните на АД ЕЛЕМ од сливот на Вардар викендов нема да работат

Електраните на АД ЕЛЕМ од сливот на Вардар викендов нема да работат

elektrani elem 35

АД ЕЛЕМ, поради најавените обилни врнежи од дожд и снег за време на претстојниот викенд, нема да ги вклучува во електроенергетскиот систем електраните од хидроенергетските системи Маврово, Треска и Тиквеш поради превенција и намалување на можноста од дополнително зголемување на водостојот на реката Вардар, соопштуваат од компанијата.

Оттаму посочуваат дека оваа превентивна мерка е преземена во координација и соработка со Координативното тело за справување со кризи и ќе биде на сила до целосна стабилизација на времето, што според Управата за хидрометеоролошки работи е најавена за почетокот на наредната недела.

„Во моментов, акумулациите што АД ЕЛЕМ ги користи за производство на електрична енергија се на планираното ниво за овој период од годината и во нив има доволно простор за прифаќање на зголемените дотоци вода што се очекуваат во наредниот период“, велат од АД ЕЛЕМ.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП