18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЛафазанис: Грција ќе ја укине и приватизацијата на гасната компанија ДЕПА

Лафазанис: Грција ќе ја укине и приватизацијата на гасната компанија ДЕПА

nekoj grk

Новата левичарска Влада на Грција ќе ги повлече плановите за продажба на државната гасна компанија ДЕПА и цврсто се спротивставува на канадскиот златен рудник, што е меѓу најголемите странски инвестициски проекти во земјата, изјави министерот за енергетика Панајотис Лафазанис во интервју за Ројтерс, што го пренесува БТА.

Златниот рудник во северниот дел на Грција, што му беше даден на експлоатација на компанијата „Елдорадо Голд“ од Ванкувер, беше клучниот проект на претходната Влада и беше сметан за тест што ќе покаже дали Грција може да ги заштити странските инвеститори и покрај противењето на локалното население.

„Ние сме целосно против овој проект и ќе ги разгледаме нашите следни чекори во однос на него“, изјави Лафазанис, 63­годишен поранешен комунист. Тој одби да прецизира дали Владата ќе се обиде да го блокира продолжувањето на проектот.

Новиот министер беше уште покатегоричен во однос на државната гасна компанија ДЕПА, изјавувајќи дека планираната продажба на 65 проценти од нејзината проценета вредност ќе биде повлечена.

„Под ниту еден услов нема да ја приватизираме гасната компанија ДЕПА и нема да ја продадеме на кого било, без значење која е заинтересираната страна“, посочи Лафазанис.

Тој, меѓутоа, зазеде поумерен став во однос на продажбата за 400 милиони евра вредниот национален гасен дистрибутер ДЕСФА на азербејџанската државна нафтена компанија СОКАР ­ зделка што беше одобрена уште во 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП