22 април, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАДржавниот долг намален за 93.3, а јавниот за 62.7 милиони евра

Државниот долг намален за 93.3, а јавниот за 62.7 милиони евра

evro pagja 2345

Државниот долг во четвртиот квартал од 2014 година е намален за 93,3 милиони евра, а јавниот долг за 62,7 милиони евра.

Согласно податоците кои денеска ги објави Министерството за финансии државниот долг изнесува 3.262,5 милиони евра, што претставува 38,1 отсто од БДП, или споредено со претходниот квартал претставува намалување за 1,1 процентен поен.

Јавниот долг на 31.12.2014 година изнесува 3.921,3 милиони евра, што е 45,8 отсто од БДП, и споредено со претходниот квартал претставува намалување за 0,7 процентни поени.

Како што информираат од Министерството за финансии, намалувањето на долгот се должи на намалување на задолжувањето преку државни хартии од вредност за 74,1 милиони евра и отплата на обврски по основ на надворешен долг во износ од 88,9 милиони евра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП