4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШпанија: Плус после 5 лоши години

Шпанија: Плус после 5 лоши години

shpanija1

Шпанската економија во 2014 година порасна за 1,4 проценти, завршувајќи ги петте години со негативен или нула раст и овозможувајќи дополнителни докази дека закрепнува од долготрајната рецесија.

За вкупниот економски раст најмногу придонел растот од 0,7 проценти од последниот квартал, кога е евидентиран шестиот последователен квартален економски раст, наведува шпанскиот Завод за статистика, пренесува агенцијата АП.

Шпанија претрпе сериозни тешкотии, поради глобалната криза и поради должничката криза во Европа, а на крајот од 2013 година изнезе од рецесија. Владата во мадрид очекува дека економијата оваа година ќе порасне за дури три проценти.

Една од работите кои сеуште и создава проблеми е високата невработеност од дури 23,7 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП