19 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИGoogle повторно разочара

Google повторно разочара

gogle2

Приходите на „Google Inc“ се зголемија за 15% во четвртиот квартал, но се помали од очекуваните од „Волстрит“, поради паѓањето на цените во онлајн рекламирањето и неповолните валутни курсеви.

Акциите на „Google“ поскапеа минимално со 0.1% до 510.66 долари, откако нивната цена првично падна по излегувањето на извештајот.

Рекламните приходи на „Google“ беа ставени под притисок, бидејќи се повеќе корисници користат интернет на своите мобилни уреди, како паметните телефони и таблети, каде што цените на рекламите обично се пониски.

Зголемената популарност на мобилни уреди ја направи водечка социјалната мрежа „Facebook Inc“, како и поголема закана во битката за реклами. Од „Facebook“ објавија во средата дека мобилните реклами во социјалната мрежа се дуплирани на годишна основа во четвртиот квартал.

„Google“ објавија дека просечната цена на онлајн реклами, или „цена на клик“ е намалена за 3% на годишна основа во четвртиот квартал, додека бројот на „кликнувања“ е зголемен за 14%. Некои аналитичари се надеваа на зголемување на цената на „клик“.

Google“ која генерира околу половина од своите приходи надвор од САД, беше погодена и од поскапениот долар. Консолидираните приходи на „Google“ за последниот квартал изнесуваат 18.10 милијарди долари, во споредба со 15.71 милијарди долари од пред една година порано.

Прелиминарните очекувања на аналитичарите, кои учествуваа во анкетата на „Thomson Reuters“, беа во просек за 18.46 милијарди долари.

Профитот на компанијата порасна до 4.76 милијарди долари, или 6.91 долари по акција, во споредба со 3.38 милијарди долари, или 4.95 долари по акција една година порано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП