2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen Golf е прогласен за „Автомобил на годината" во Северна Америка

Volkswagen Golf е прогласен за „Автомобил на годината” во Северна Америка

Volkswagen Golf ist North American Car of the Year

Откако беше прогласен за „Автомобил на годината” во Европа и „Светскиот автомобил на годината”, Volkswagen Golf ја продолжува својата успешна приказна со новата награда „Автомобил на годината” во Северна Америка. Тоа значи дека Volkswagen Golf  освои повеќе од 30 награди од неговото претставување на пазарот во 2012 година.   

2015 година означува уште еден сензационален почетокот за Volkswagen. Golf  7 ја освои наградата „Автомобил на годината” во Северна Америка и беше главна тема на американскиот автомобилски саем во Детроит. Неговиот специфичен дизајн, широкиот спектар на системи за помош на возачот, врвните безбедносни системи и забавно информативниот систем како и сигурноста и квалитетот беа решавачки фактори жирито да го прогласи Volkswagen Golf за најдобар нов автомобили во САД.

Жирито беше составено од 57 американски и канадски автомобилски новинари, кои со мнозинство гласови го прогласија Golf за победник. “Освојувањето на престижната награда „Автомобил на годината” во Северна Америка, како и повеќе од десет други американски автомобилски награди, вклучувајќи ја и значајната награда „Motor Trend – Автомобил на годината“дополнително го засилуваат брендот Volkswagen како и целото Golf семејство. Се надеваме дека оваa награда ќе придонесе за натамошен раст на продажбата и ќе го отвори нови патишта за уште една успешна година”, изјави Мајкл Хорн, извршен директор на групацијата Volkswagen за Америка.

Volkswagen Golf ist North American Car of the Year

Volkswagen  за прв пат по 1999 година ја освојува наградата  „Автомобил на годината” во Северна Америка и сега го има најдоброто возило во САД. Пред 16 години Volkswagen  Буба ја освои оваа награда. Европскиот производител на автомобили по петти пат ја освојува наградата „Автомобил на годината” во Северна Америка откако за прв пат беше претставен на овој пазар пред точно 22 години.

Во изминатите две години Golf ги освои сите престижни автомобилски награди: „Автомобил на годината” во Северна Америка “, “Светски Автомобил на годината”  „Автомобил на годината” во Азија, „Автомобил на годината” во Европа, во Словенија, во Чешка, во Јапонија и „Автомобил на годината” во Нов Зеланд. Дополнително ги освои и наградите: „Златен волан”, “Авто Трофеј”, „Најрационален автомобили” (Auto der Vernunft) и Top Gear наградата “Сѐ што ви треба од автомобил”.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП