5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Хрватска без работа 44,8 проценти од младите

Во Хрватска без работа 44,8 проценти од младите

zagreb12

Во Хрватска невработени се вкупно 44,8 проценти од младите лица, покажуваат податоците на Еуростат.

Според овој број, Хрватска се наоѓа меѓу водечките три земји во Европската унија, а пред неа е Грција со 50,6 проценти невработени млади лица, додека на самиот врв е Шпанија со стапка од 51,4 проценти за невработените млади лица.

Според бројот на невработени, Хрватска и Кипар со 16,4 проценти го делат третото место во ЕУ – покажуваат податоците објавени денес од Еуростат за месец декември 2014 година.

На прво место е Грција со стапката на невработеност од 25,8 проценти, а следи Шпанија со 23,7 проценти.

Најниски стапки за невработеност се забележани кај Германија – 4,8 проценти и Австрија – 4,9 проценти.

Најниски стапки за невработеност кај младите се забележани повторно во Германија – 7,2 проценти и Австрија – 9 проценти.

На ниво на цела ЕУ невработеноста изнесува 9,9 проценти, додека во еврозоната таа изнесува 11,4 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП