4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВалс: Грција треба да остане во еврозоната

Валс: Грција треба да остане во еврозоната

vals 3506

Францускиот премиер Мануел Валс во врска со стравувањата поврзани со ситуацијата во Грција и еврозоната, во Пекинг истакна дека нема опасност од излегување на земјата од Европската монетарна унија.

„Грција ќе остане, треба да остане во еврозоната, новиот премиер на земјата тоа го кажа, не може да биде поинаку“, одговори Валс.

„Треба да и се помогне на Грција да излезе од кризата, во која западна таа. Во исто време Грција треба да ги почитува своите обврски, бидејќи така всушност функционира Европската унија“, додаде францускиот премиер.

Кинескиот премиер Ли Качијан на средбата директно го прашал Валс дали Грција ќе излезе од еврзоната.

Валс денеска на вториот ден од посетата на Пекинг, чија цел е привлекување на кинески инвестиции, нагласи дека потенцира дека бизнисот е приоритет за Париз и ги повика локалните претприемачи да не стравуваат од француското социјално право.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП