14 мај, 2024
ПочетнаКАРИЕРАКаква е вашата комуникација со шефот?

Каква е вашата комуникација со шефот?

W

Колкумина од вас едноставно не можеле да го разберат однесувањето на шефот или што всушност тој очекува од вас? Дали сте се обиделе да го промените, или приказната одново се повторува?

Во комуникацијата со шефот и однесувањето со шефот постојат одредени правила. За почеток, важен е позитивниот пристап и јасното изразување. Се што ќе кажете мора да биде јасно и искрено, без оглед на темата на дискусија. Исто така, важен е и тонот. Освен тоа што треба да бидете љубезен со шефот, мора и да му испратите порака дека го цените. Ако шефот чувствува дека го цените и почитувате, ќе биде подготвен да ви излезе во пресрет и да ви обезбеди помош.

Слободни денови

Од друга страна, ако барате услуга на пример неколку слободни денови, вашиот шеф треба да знае која е причината за тоа, и ако сакате да ви помогне, мора да му ги кажете деталите. Не плашете се да одговорите искрено на сите прашања затоа што шефот не се обидува да се меша во вашата приватност.

Подгответе се на опцијата „НЕ“

Немојте да звучите неучтиво или агресивно. Особено ако барате услуга. Шефот може да помогне само во делокругот на деловната политика. Ако сакате слободни денови, а тој не може да најде замена за вас, немојте веднаш да ја промените реториката, да бидете лути или непристојни.

Говорот на телото

Важен е и говорот на телото. Скрстени раце се знак на одбранбен став и затвореност, а тоа не е препорачливо. Рацете секогаш поставете ги на скут, дланките отворени, како знак на пристапност и срдечност.

Бидете професионални

Откако ќе ја напуштите канцеларијата, останете дискретни и немојте веднаш да ги споделите сите детали од разговорот со ваште колеги.

Демонстрирајте одлучност

Последно, но не и најмалку важно во комуникација со шефот се однесува на решавањето на тековните проблеми. Немојте да го замарате шефот за секој проблем кој ќе го сретнете, особено кога станува збор за „проблемчиња“.  Демонстрирајте одлучност, а од шефот побарајте помош само ако тоа е навистина голем проблем или нешто од најголемо значење за работењето на компанијата. Ако шефот секојдневно го „повлекувате за ракавот“ лесно може да дојде до прашањето за вашите квалификации и способности, а тоа може да има фатални последици врз вашата кариера.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП