5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРастот на потрошувачката доверба во Италија ги надмина прогнозите

Растот на потрошувачката доверба во Италија ги надмина прогнозите

italija-nova-italy

Индексот на потрошувачката доверба во Италија во јануари оваа година порасна од 99,9 поени во декември на 104 поени, покажаа податоците на Институтот за статистика Истат.

Со тоа се надминати очекувањата на аналитичарите во анкетата на Блумберг дека тој показател ќе надмине 100 поени.

На подобрувањето на потрошувачката доверба во Италија особено влијаело подобрувањето на проценките за личната финансиска положба од 98 на 102,2 поени.

Пораснала, исто така, и проценката на домаќинствата за вкупната моментална ситуација од 97,2 поени на 102,5 поени.

Проценката за прогнозите на економската состојба во земјата пораснала од 103,5 поени во декември на 109,2 поени во јануари.

Перспективите на економската клима се проценети на 106,5 поени, од претходните 101,9 поени.

Индексот на очекувањата за невработеноста во рамките на индикаторот за доверба е намален од 48 на 41 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП