5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: Банките да штедат, времето е тешко

ЕЦБ: Банките да штедат, времето е тешко

ecb3

Европската централна банка ги советуваше банките во еврозоната да бидат „конзервативни“ и оваа година да се воздржат од исплата на дивиденда за да ги зајакнат своите финансии.

„Банките треба да бидат конзервативни и претпазливи во донесувањето на одлуки за дивиденди, за и по било какви исплати и понатака да можат во целост да го обезбедат неопходниот капитал и да се подготват за тешките стандарди во поглед на задолжителниот капитал“, изјави претседателот на Надзорниот одбор на ЕЦБ, Даниел Нуј.

На банките кои не поминаа на неодамнешните стрес тестови и кои на крајот на 2014 година немале доволно капитал им е директно порачано дека не би требало да исплаќаат било какви дивиденди.

Тоа се однесува на 13 банки во монетарната унија, додава ЕЦБ, која изнесе посебни препораки за сите големи европски банки, барајќи од националните централни банки да го сторат истото за помалите банки.

Препораките на ЕЦБ не се правно обврзувачки.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП