ПочетнаЕКОНОМИЈАСе намали стапката на невработеност во Германија

Се намали стапката на невработеност во Германија

germanijaaaa

Германскиот пазар на труд ја потврдува добрата динамика на почетокот на 2015 година со пад на стапката на невработеноста, покажуваат новите официјални податоци.

Стапката на невработеност во јануари изнесува 6,5 проценти, соопшти Агенцијата за вработување, што ги потврдува очекувањата на аналитичарите.

Станува збор за незначително намалување во однос на месец декември, кога стапката изнесуваше 6,6 проценти.

Ова е моментално најниската стапка на невработеност од обединувањето на Германија, пренесува АФП.

Во овој месец имало најмалку 9.000 барања за работа, што е незначително помалку од очекуваните 12.000.

Во Германија на крајот на јануари се регистрирани 3,03 милиони невработени лица.

ТРЕНДИНГ

ХОРОСКОП