24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕвростат: Над 2,7 милијарди ноќевања во земјите на ЕУ во 2014 година

Евростат: Над 2,7 милијарди ноќевања во земјите на ЕУ во 2014 година

eu-zemji-turizam5464

Бројот на ноќевања во туристичките сместувачки капацитети во земјите­членки на Европската унија лаби достигна нов рекорд од околу 2,7 милијарди, што е зголемување за 1,7 проценти во споредба со 2013 година, објави Европската канцеларија за статистика (Евростат).

Како што јави дописникот на МИА од Брисел, по падот на ноќевања забележан во 2009 година, како резултат на почетокот на финансиската криза, во последните пет години има постојан пораст на бројот на ноќевањата во туристичките капацитети во ЕУ.

По земји, лани во Франција имало 403 милиони ноќевања, а во Шпанија ­ 401 милиони ноќевања, со што двете земји се на врвот по бројот на туристи. По нив следуваат Италија со 370 милиони ноќевања и Германија со 366 милиони. Овие проценки вклучуваат ноќевања и за бизнис патувања и за одмор.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП