19 април, 2024
ПочетнаЛУКСУЗ И ПАТУВАЊЕ2.000 долари за луксузно јадење зачинето со мравки

2.000 долари за луксузно јадење зачинето со мравки

luxury-delicious-food-drinks-noma-japan

Најдобриот ресторан во светот, „Noma“, се пресели во Токио и сега е наречен „Noma Japan“…

Тоа ќе остане така до крајот на овој месец. Сместен е на 37. кат , во хотелот „Mandarin Oriental“ во Токио и нуди величествен поглед на планината Фуџи. Меѓу бројните иновативни јадења кои се најдоа на менито за вечера од 16 јадења, едно особено ни го привлече вниманието. Наречено е „Вкусот на Нагано Шумите“. Креирано е од главниот готвач Рене Раџепи и навистина е уникатно и дефинитивно ќе стане нов тренд.

Ова јадење се состои од премиум џамбо ракчиња, кои се послужени на чинија со мраз. Тоа засега делува многу просечно и примамливо за љубителите на морски плодови. Но, она со што ракчињата се „зачинети“ е елементот кој привлекува многу внимание. Малите диви црвени мравки, односно 12 мравки, внимателно се распоредени преку ракчињата. Главниот готвач верува дека нивната остра киселост ќе биде совршен акцент за слатките и сочни ракчиња.

Досега, доколку би нашле мртва мравка во чинијата сигурно би ја вратиле храната. По претставувањето на овој деликатес кој чини 2.000 долари, се повеќе луѓе сакаат оброк со мравки.

6a0120a71b1d39970b01b8d0c281cf970c-800wi

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП