19 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИApple најскапа светска марка

Apple најскапа светска марка

app

Американската компанија „Apple“ го зазеде првото место на листата на 500 најскапи светски марки, според британската консултантска компанија „Brand Finance“.

Вредноста на „Apple“ е проценета на 87.3 милијарди долари се вели во соопштението на „BF“.

На второто место се  најде јужнокорејскиот „Samsung“ со вредност од 58.77 милијарди долари. Тоа е единствената компанија меѓу првите десет на листата која не е од САД. Третото место му припадна на „Google“ со 52.13 милијарди долари.

Лидер меѓу јапонските компании е Тојота со вредност од 25.97 милијарди долари што и беше доволно за 15-тото место, исто како и на минатогодишниот рејтинг.

Најскапите германски марки се од автомобилскиот сектор. Лидер е Фолксваген со вредност од 23.66 милијарди долари, па така оваа година се искачи на 17-тото место што е одличен резултат за разлика од лани кога беа 35-ти. Додека БМВ и Мерцедес вердат 23.23, однонсо 20.3 милијарди долари. Меѓу првите 50 се најдоа и три компании од Велика Британија, а тоа се „Vodafon“, „HSBC“ и „Tesko“, две кинески, „ICBC“ и Кинеската градежна банка, две од Франција „BNP Pariba“ и „GDF Suec“ и по една од Холандија (Shell) и Швајцарија (Nestle).

Од руските компании највисоко котира „Sberbanka“ со вредност од 14.16 милијарди долари која се искачи од 78-то место на 63-то место на табелата, и е единствената од руските марки која се најде меѓу првите 100.

„Gasprom“ е на 122-то место и нејзината вредност се проценува на 8.3 милијарди долари, додека марката „Lukoil“ е тек на 218-та позиција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП