11 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИСкокна профитот на H&M, планирани 400 нови продавници

Скокна профитот на H&M, планирани 400 нови продавници

Clothes-retailer-HM-logo-007

Шведската модна куќа „H&M“ забележа раст на профитот од 12 проценти во четвртиот квартал, благодарение на проширувањето на бизнисот во САД и Кина.

Нето заработката во три месеци заклучно со декември порасна на 6,22 милијарди круни (754 милиони долари) од 5,55 милијарди круни во истиот период во 2013 година, додека приходите истовремено се зголемени за 17 проценти на 42,6 милијарди круни, пренесува агенцијата АП.

„H&M“ наведува дека минатата година отворил 379 нови продавници, додека оваа година планира да отвори околу 400 нови продавници, главно во САД и Кина, но и на новите пазари вклучувајќи ја и Индија, Јужноафриканската Република, Перу, Тајван и Макао.

Компанијата сега има повеќе од 3.500 продавници во светот и вработува 132.000 работници. Нето профитот на ниво на цела 2014 година порасна за 17 проценти на 19,98 милијарди круни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП