28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАШвајцарската економија ќе падне во рецесија во текот на 2015

Швајцарската економија ќе падне во рецесија во текот на 2015

shvajcarija53v454gr

Швајцарската економија би можела во текот на оваа година да падне во краткотрајна рецесија поради зголемувањето на курсот на франкот предизвикано од одлуката на Централната швајцарска банка да се откаже од врзувањето на националната валута за еврото, но и поради падот на цените на нафтата, соопшти Институтот за економски истражувања KOF.

Институтот ја намали својата прогноза за економските активности на земјата во 2015 година на минус 0,5 проценти, додека во претходната прогноза, објавена во декември, тој се надеваше на економски раст од 1,9 проценти за тековната година.

За наредната 2016 година KOF предвидува нула раст на БДП, за разлика од 2,1 проценти од декемвриската прогноза, пренеусва Ројтерс.

KOF предвидува и кратка рецесија во текот на летото, што ќе предизвика пад на БДП на нивото на цела година од 0,5 проценти, се додава во соопштението.

Според предвидувањата на експертите од овој институт, стапката на невработеност во 2015 година ќе се зголеми на 3,4 проценти од работоспособното население, и на 4,1 проценти во 2016 година, додека во минатата година таа изнесуваше 3,2 проценти.

Потрошувачките цени ќе се намалат за 1,5 проценти во тековната година, додека во претходните прогнози се сметаше на стапка на дефлација од 0,1 проценти.

Што се однесува на извозот, може да се очекува пад од 1,4 проценти во 2015 година, додаваат од KOF.

Истиот извор потсетува дека на почетокот на јануари швајцарската Централна банка објави дека ја напушта политиката за фиксирање на домашата валута на вредност од 1,20 франци за евро, што предизвика скок на курсот и стравувања кај извозниците.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП