12 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИSkymark Airlines прогласи банкрот

Skymark Airlines прогласи банкрот

11404530974_a66d42dfcf_c

Јапонската нискобуџетна авиокомпанија „Skymark Airlines“ прогласи банкрот.

Компанијата беше соочена со раст на трошоците и зголемување на притисокот од страна на двете големи национални компании, „ANA“ и „Japan Airlines“.

Овој јапонски независен авиопревозник со ниски цени ќе мора да му плати и висока казна на „Airbus“, по откажувањето на нарачката во јули минатата година, вредна околу две милијарди долари, за шест авиони со голема носивост, од типот А380, поради што европскиот производител на авиони поднесе тужба, пренесува Ројтерс.

Според првите проценки, за тековната деловна година која се завршува на крајот на март оваа година, компанијата ќе забележи рекордна нето загуба од 13,6 милијарди јени (101,7 милиони евра).

„Skymark Airlines“, која е основана во 1998 година и вработува повеќе од 2.300 луѓе, со години претставуваше редок пример на нискобуџетна авиокомпанија способна да работи во Јапонија надвор од контролата на двата гиганта во тој сектор, „ANA“ и „Japan Arilines“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП