17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНови ковани пари за колекционерски цели со водолија и риби од НБРМ

Нови ковани пари за колекционерски цели со водолија и риби од НБРМ

novi kovani pari 50

Народната банка на Република Македонија пушти во оптек ковани пари за колекционерски цели со хороскопскиот знак „Водолија” и „Риби”.

На кованата пара „Водолија“ на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите што го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем кои, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон).

По должината на периметарот се прикажани натписите: „Република Македонија” и „10 денари” на македонски јазик, како и годината на издавање „2015” и ознаката „Аg925”.

На левата страна на реверсот е прикажан портрет на Водолија како носи стомна со вода на рамото. Водата се истура од стомната и го опкружува вметнатото кружно кобалтно стакленце на кое е отпечатено соѕвездието на хороскопскиот знак Водолија.

На долниот дел, по должината на периметарот, е претставен симболот на хороскопскиот знак Водолија отпечатен на стомна, како и името на овој знак на латински јазик. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги и симболот на Водолијата, а делумно и косата и брановите од водата) се насликани со злато.

На кованата пара „Риби” на аверсот е прикажана украсна композиција што претставува симбол на времето, врз основа на Сонцето, Месечината и ѕвездите коишто го опкружуваат песочниот часовник. Сонцето е насликано со злато на вметнато сино тркалезно кобалтно стакленце (низ целото стакленце). На горниот дел од кованата пара е прикажан грбот на Република Македонија. По должината на периметарот, на двете страни, се прикажани симболите на осумте планети од Сончевиот систем кои, покрај Сонцето и Месечината, влијаат на хороскопските знаци (Меркур, Венера, Марс, Јупитер, Сатурн, Уран, Нептун и Плутон). Исто така, по должината на периметарот се прикажани натписите „Република Македонија” и „10 денари” на македонски јазик, како и годината на издавање „2015” и ознаката „Аg925”.

На левата страна на реверсот е прикажана слика на двете риби што пливаат во спротивна насока. На десната страна е претставен украс составен од водни лилјани што го опкружуваат вметнатото кобалтно стакленце на што е насликано соѕвездието на хороскопскиот знак Риби.

На долниот дел, по должината на периметарот, е претставено името на хороскопскиот знак Риби на латински јазик и симболот на хороскопскиот знак Риби отпечатен на лист од воден лилјан. Одредени елементи на релјефот (вклучувајќи ги перките и крлушките, симболот на Риби и центарот на цветот) се насликани со злато.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП