2 јули, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПросечната плата во ноември 21.588 денари

Просечната плата во ноември 21.588 денари

denari-mkd

Просечната исплатена нето плата по работник во ноември 2014 година изнесувала 21.588 денари и бележи зголемување од 2,5 проценти во однос на ноември 2013 година, објави Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето­плата по вработен во секторите Стручни, научни и технички дејности за 8,5 отсто, Рударство и вадење на камен за 7,6 отсто и Финансиски дејности и дејности на осигурување за 7,4 проценти.

Намалување на просечната месечна исплатена нето­плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите Рударство и вадење камен за11,2 проценти, Градежништво за 4,4 отсто и Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација за 2,8 отсто.

Според податоците на Државниот завод за статистика, просечната месечна бруто­плата по вработен, во ноември 2014 година изнесувала 31. 644 денари и бележи зголемување од 2,4 отсто во однос на ноември 2013 година.

Во ноември 2014 година, 1,1 отсто од вработените во Република Македонија не примиле плата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар