Германската енергетска компанија „RWE“ го зголеми профитот од работењето во 2012 година за 10,1 проценти, благодарение на производството на лигнит, соопштуваат од компанијата.
Во исто време, бруто профитот достигна износ од 9,31 милијарди евра, додека аналитичарите предвидуваа сума од 8,69 милијарди.
Производството на лигнит претставува една третина од производството на енергија на ниво на групата.
„И покрај тешкотиите, ние сме задоволни со деловните резултати од минатата година“, изјави директорот на „RWE“, Петер Териум додавајќи дека компанијата најверојатно нема да ја оствари целта до крајот на 2013 година да продаде околу седум милијарди евра актива.
Исто така, „RWE“ планира да ја продаде филијалата „DEA“ и да го напушти секторот за истражување на наоѓалишта на нафта и гас.
Планираното ниво на продажба ќе овозможи зголемување на инвестициите и подобрување на финансиите на „RWE“, соопштија од компанијата.