4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустриското производство лани зголемено за 4,8 проценти

Индустриското производство лани зголемено за 4,8 проценти

ind proizvodstvo

Индустриското производство во 2014 година било за 4,8 проценти поголемо во однос на претходната 2013-­та.

Според Државниот завод за статистика, индустриското производство во декември 2014-та година било поголемо за 0,7 отсто во однос на декември 2013-та­. Во секторот Рударство и вадење камен бележи опаѓање од 6,6 проценти, во секторот Преработувачка индустрија пораст од 2, отсто, а во секторот Снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација опаѓање од пет проценти.

Во однос на главните индустриски групи, пораст е евидентиран кај Интермедијарни производи, освен енергија за осум отсто, Капитални производи за 47,1 и Трајни производи за широка потрошувачка за 16,9 проценти.

Опаѓање има кај групите Енергија за 12,2 отсто и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 10,2 процента.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП