27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЗатворени 23 фирми во Битола и Прилеп за неиздавање фискални сметки

Затворени 23 фирми во Битола и Прилеп за неиздавање фискални сметки

ujp objekti

При контрола на даночните инспектори на Управата за јавни приходи спроведена вчера во Битола и во Прилеп на 23 правни лица и на одговорни лица во нив кои работеле спротивно на Законот за регистрирање готовински плаќања им се изречени глоби во вкупен износ од 69.000 евра, а зависно од прекршокот објектите се затворени на 15 или 30 дена.

Единаесет од фирмите кај кои е утврдено незаконско работење се од Битола, а 12 од Прилеп.

Во контролата, со која биле опфатени 50 објекти, учествувале 12 тима даночни инспектори.

УЈП денеска соопшти дека при контролите во Битола е откриено едно лице кое нерегистрирано врши дејност ­ трговија на мало со прехрамбени производи, а кај фирмата за сервис на компјутери „Драгонај“ и кај Мебел Т стил дооел е изречена мерка затворање од 30 дена поради непоседување фискален апарат.

„По неодамнешниот инцидент во Битола каде непознати сторители оштетија шест службени возила, УЈП јавно најави дека ваквото однесување само остава простор за поголемо сомнение дека во конкретната општина и подрачје работат бизниси кои избегнуваат да платат данок, што се потврди и со наодите за нерегистрирање на готовинските плаќања и неиздавање фискални сметки констатирани во 10 објекти, кои ќе бидат затворени 15 дена“, се вели во соопштението од УЈП.

Затворени ќе бидат објектите на Љупчо 5(санитарија), Ангромаркетинг (трговија со прехранбени продукти), Емпласт доооел (стовариште), Савоз компани (трговија со прехранбени продукти), Ваго дооел (трговија со прехранбени продукти), Вин мар 14 (трговија со врати ПВЦ дограма), Вам ком (трговија со прехранбени продукти), Спера Ет Амаре ДООЕЛ (сендвичара).

Во Прилеп во период од 15 дена ќе бидат затворени деловните простории на „Бос Торо“, „И.М. Комерц“, „Ан Пе Промет“, „Ескејп“, „Радичоски компани“, „Нова Промет“, „Нова промет“, „Марвин Промет“, „Џулијано Промет“, како и сендвичарата „Сплендидо“, продавницата за бела техника „Чапкун комерц“, цвеќарницата „Драга“ и колонијалот „Дабол Ин“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП