6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈААкумулациите Калиманци и Градче полни со вода

Акумулациите Калиманци и Градче полни со вода

Untitled

Обилните врнежи од дожд на подрачјето од источниот регион ги наполнија акумулациите Калимаци и Градче со кои стопанисува Водостопанство „Брегалница од Кочани“. Состојбата со акумулираните води се следи од одговорните во Водостопанство Кочани и се интеревенира со испуштање на вода.

Во Калимаци дотокот на вода изнесува 21 метар кубен, а се испуштаат по 18 метри кубни вода преку Хидроцентралата. Калиманци има можност за акомулирање на уште 7,5 милиони метри кубни вода. Акумулацијата Градче е на прелив и моментно од неа се испуштаат по 800 литри во секунда. Дотокот достигнува 2.300 метри кубни во секунда, имформира Зоран Беличев директор на Водостопанство Брегалница од Кочани.

Снежната покривка на Пониква достигнува 40 сантиметри а на врвовите Руен и Султан Тепе над еден метар, што значи со најавата на топлото време ќе има топење на снегот и зголемен водостој на реките и вдоодтеците од Осоговските Планини кон овие две акумулации.

Водостопанство „Брегалница“ ја следи состојбата и се постапува според упатствата на Кризниот штаб за следење на поплавите во Република Македонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП