12 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦветков: Изградба на вештачки акумулации за справување со поплавите

Цветков: Изградба на вештачки акумулации за справување со поплавите

cvetkov minister1

За долгорочно решавање на проблемот со поплавите продолжува изградбата на вештачки акумулации, истакна денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Одговорајќи на новинарски прашања на прес­конференција, Цветков рече дека сезоната на поплави допрва почнува со оглед на прогнозите за нови врнежи дожд од петок.

„Со тековното чистење на каналите и речните корита, како и со изградба на вештачки брани донекаде ќе се регулираат штетите од поплавите. Сепак, мора да бидеме реални, станува збор за природна појава која поради климатските промени во иднина ќе биде и почеста“, нагласи министерот.

Според него, моментно се работи на браните на Оризарска и Коњска Река.

Во врска со состојбата во сточарството, Цветков подвлече дека нема драстично намалување на добиточниот фонд, а клучен фактор за развој на оваа гранка е секако производството на домашна сточна храна.

„Не можеме да очекуваме зголемување на добиточниот фонд ако не се работи на основата ­ зголемување на домашното производство на сточна храна“, напомена министерот.

Како што додаде, доколку со современи системи за наводнување „капка по капка“ бидат опфатени 7.000 хектари пченка, за седум години може во целост да се регулира извозот на добиточна храна што за Македонија би значело годишна заштеда на 20 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП