28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЦипрас: Крај на потчинувањето на Грција

Ципрас: Крај на потчинувањето на Грција

cipras-grcija-nov-premier-cipras

Новиот грчки премиер Алексис Ципрас изјави дека Грција нема да се откаже од своите обврски кога станува збор за враќањето на долговите.

На првиот состанок во својот кабинет, откако беше избран во неделата, лидерот на левичарската партија Сириза изјави дека ќе преговара со меѓународните кредитори за кредитот од околу 240 милијарди евра кој го зема Грција, пренесува BBC.

Наведувајќи дека негов прв приоритет е да им помогне на оние на кои помошта им е најпотребна, Ципрас вети „регулирање на предлозите за закрепнување на економијата“ и најави борба против корупцијата.

„Нема да навлегуваме во деструктивни судири, но нема да продолжиме ниту со политиката на потчинување“, изјави Ципрас.

ЕУ ја предупреди владата на Ципрас да се држи до обврските кон своите кредитори.

За да ја реши финансиската криза, Грција од 2010 година зема милијарди евра заеми од еврозоната и ММФ, а за возврат се обврза дека ќе ги спроведе болните мерки за штедење, вклучувајќи го и намалувањето на пензиите и платите.

Напредокот на Грција во реформите внимателно го следат ММФ, Европската комисија и Европската централна банка.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП