28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАФинска подготвена да воведе нови санкции за Русија

Финска подготвена да воведе нови санкции за Русија

finska-zname

Финска е подготвена, во случај да биде неопходно, да воведе нови санкции против Русија, но ситуацијата во Украина не е целосно јасна, изјави финскиот министер за надворешни работи, Ерки Туомиоџа.

„Финска не ја исклучува можноста за воведување на нови санкции против Русија ако тоа биде неопходно“, изјави тој.

Претходно е соопштено дека прашањето за воведување на нови санкции против Русија ќе биде разгледано на состанокот со шефовите на дипломатијата на ЕУ на 28. и 29 јануари. во Брисел.

Изворот од ЕУ соопшти дека министрите им предложиле на шефовите на државите и владата да ја разгледаат можноста за забрана на испораките на Русија за одделни видови на опрема за гасната индустрија.

Меѓутоа, идејата на Русија да и се забранат опрациите преку меѓународниот систем за банкарски трансакции SVIFT, која се заканува дека ќе предизвика сериозни последици, за сега не е разгледана.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП