13 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАУспешна година за Inner Wheel Club од Скопје, реализирани голем број хуманитарни...

Успешна година за Inner Wheel Club од Скопје, реализирани голем број хуманитарни проекти

iner trkalo

Според извештајот на Inner Wheel Club од Скопје, 2014 година е повеќе од успешна благодарение на макотрпната работа на дамите членови на клубот. Во текот на изминатите 365 дена клубот значително ги зголеми своите активности и со тоа придонесе за постигнување на успех, реализација на нови хуманитарни проекти и раст на плановите за 2015 година.

Еден од проектите кој го привлече вниманието на јавноста беше соработката со домот за деца без родители 11 Октомври “Испрати љубов” инициран и поддржан од Inner Wheel Club од Скопје. Штитениците од домот 11 Октомври насликаа прекрасни дела на тема љубов, кои во следната фаза од проектот беа претворени во честитки.

iner trkalo2

Околу 20 деца на возраст од 12-18 години со задоволство прифатија да бидат дел од овој општествено одговорен проект кој имаше за цел преку продажбата на честитките да обезбеди средства кои ќе бидат наменски донирани на домот, што на крајот се покажа како навистина успешен проект.

Inner Wheel Club од Скопје, зема учество и на интерактивност форум за модерен општествен развој Biz Triple Talks на кој претседателката на клубот, Анета Антова Пешева го претстави работењето и проектите на клубот.  Во рамки на настанот се одржа и хуманитарна ревија на креаторката Олгица Ѓоргиева, поддржана од Inner Wheel Club и здружението Борка. Клубот ја поддржа и меѓународната кампања за борба против насилството врз жената  “Orange YOUR Neighbourhood.”

iner trkalo3

Во предновогодишниот магичен период клубот донесе насмевки на лицата на учениците од единственото средно училиште и дом за глувонеми  “Партенија Зографски“ во Скопје и Децата од Државното училиште за рехабилитација на деца и младинци со оштетен вид „Димитар Влахов“кои уживаа во програмата на магионичар и претставата “Дедо Мраз во розово”  која опфати читање на сказни, а беше изведена од актерите од Драмски театар кои се вклучија во хуманитарната акција. Двете посети на училиштата завршија со дружба на членовите со децата и поделба на новогодишни пакетчиња.

Покрај хуманитарните акции, Inner Wheel организираше и конкурс за најдобра фотографија на тема “ Осветли го патот”, ја поддржа промоцијата на книгата Приказната на Марија од Стојан Андов, беше дел од голем број културно- уметнички настани.

iner trkalo4

Според претседателката на клубот, 2015 година ќе биде доста активна, во план е реализација на голем број на нови хуманитарни акции и кампањи, а еден од главните настани кои ги очекуваат членките на клубот е 16-тата интернационална конференција на Inner Wheel која ќе се одржи во мај во Копенхаген.

Интернационалниот клуб Inner Wheel поврзува влијателни жени од целиот свет. Македонскиот клуб е формиран во 2004 година. Мисијата на Inner Wheel Cкопје е промоција и организација на активности, услуги и позитивни практики, со цел подобрување на животот на жените и децата во светот, преку глобалната мрежа на членки, кои донираат на волонтерска основа – средства, посветеност и љубов на останатите.

iner trkalo1

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП