АВТОБИЗ

Погледнете во фабриката во која наcтанува Land Rover Defender (видео)

def land

Актуелната верзија на легендарниот теренец се изработува во непроменета форма од 1990-та, а судејќи според најновите снимки од погонот од „Land Rover“, начинот на производство на овој модел не се промени во последните 25 години.

Во 2015-та ќе се збогува од ветеранот меѓу теренците – „Land Rover Defender“.

Линијата на возила која денеска излегува од производните ленти во фабриката Солихул во Велика Британија потсетува на првичниот модел кој е претставен далечната 1948-ма година.

Иако процесот за изработка на „Defender“ оттогаш е значително модернизиран, во одредени сегменти од производството е забележана атмосфера од старите времиња:

Во овој погон се изработуваат уште и моделите „Range Rover“, „Range Rover Sport“, „Land Rover Discovery“ и ,од неодамна, „Jaguar XE“, a „Land Rover Defender“ се произведува уште од 1983-та година.