
Кинескиот јуан стана една од петте најкористени валути во светот, соопшти Здружението на светските меѓубанкарски финансиски трансакции.


Кинескиот јуан стана една од петте најкористени валути во светот, соопшти Здружението на светските меѓубанкарски финансиски трансакции.
Јуанот во декември ги мина канадскиот и австралискиот долар на листата на најкористени валути.
Кинеската валута во моментов е зад американскиот долар, еврото, британската фунта и јапонскиот јен.
Пекинг постепено ја намалува контролата врз јуанот и ја поттикнува неговата употреба во странство во обид да ги намали трошоците на трговците за зајакнување на улогата на кинеските компании во светската економија.