2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЌе се проширува мерката за системи за наводнување фуражни култури

Ќе се проширува мерката за системи за наводнување фуражни култури

tutun-zemjodelstvosubvencii

Мерката со која ќе се финансираат системите за наводнување капка-по-капка за пченка, сончоглед и сите останати фуражни култури ќе се проширува, за што денеска ќе информира министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Михаил Цветков.

Проширувањето на мерката е резултат на успешното пилотирање на финансиската поддршка за поставување на системи капка­по­капка во 2014 година со која беа предвидени пет милиони денари. На земјоделците кои набавија системи капкa-по-капка и успешно аплицираа за поддршка им беше доделена финансиска поддршка во износ од 50 проценти од цената на набавените системи.

Во 2013 и 2014 година проектот на УСАИД за експанзија на мали бизниси ја започна иницијативата „Да одгледуваме повеќе пченка“ за модернизација на производството на пченка во Македонија. Како дел од иницијативата беа донирани 120 системи капка-по-капка и беа обучени 120 земјоделци за користење на добри земјоделски практики во одгледувањето на пченка. Овие земјоделци успеаја да ги зголемат приносите на пченка за два до три пати.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП