
Американскиот ланец за брзa храна ги зголеми своите приходи во Швајцарија за 1,56 проценти во споредба со претходната година.


Американскиот ланец за брзa храна ги зголеми своите приходи во Швајцарија за 1,56 проценти во споредба со претходната година.
Ова зголемување кое изнесува 729 милиони франци е направено и покрај падот на прометот во секторот на гастрономијата, за пет проценти.
Бројот на клиенти во рестораните на Мексдоналдс во Швајцарија не е зголемен, тој е на истото ниво како и во 2012 година. Рестораните на Мекдоналдс лани ги посетиле 106 милиони гости, тoa во просек е околу 290.000 дневно, се наведува во соопштението на компанијата.
Зголемувањето на приходите од продажбата се објаснува со фактот дека се поголем број на клиенти нарачуваат комплетно мени, а не само еден производ. Минатата година, најчесто барана порција била швајцарскиот специјалитет (La McRaclette).