20 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ16 компании кои вредат повеќе од милијарда, но бележат загуби

16 компании кои вредат повеќе од милијарда, но бележат загуби

profit zaguba

„Shazam“ штотуку се приклучи кон компаниите, проценети на најмалку 1 милијарда долари, иако не се во профит.

Профитот може да не е најважниот фактор за една млада компанија, но сепак бројот на високо ценети компании, кои не го остваруваат тоа е значително голем. Овие млади компании можат да привлечат инвестиции.

„Имаат голем тек на капитал од инвеститори, кои бараат добри можности. Тие често се насочуваат кон „жешки“ млади компании, бидејќи побарувачката на добра можност вклучува земање на повеќе ризици“, коментира Роџер Кеј, аналитичар од „Endpoint Technologies“.

Погледнете ги уште 15-те технолошки компании, кои се проценети на неколку милијарди долари, иако не пријавуваат добивка:

1. „Snapchat“: Оценета е на 10 милијарди долари, што ја прави една од најскапите во секторот. Компанијата има мали приходи и никаква добивка.

profit zaguba1

2. „Box“: Компанијата за споделување на датотеки мора наскоро да стане јавна. За последната година компанијата објави загуба во износ од 170 милиони долари.

3. „Twitter“: Повеќе од една година по нивното „IPO“, Тwitter се уште забележува голема загуба.

4. „Zynga“: Акциите на компанијата се тргуваат на ниво за 75% пониско од она на нејзиното „IPO“ од 2011-та година.

5. „Instagram“: „Facebook“ го купи „Instagram“ за 1 милијарда долари во 2012-та година. Се очекува компанијата да забележи профит наскоро.

6. „Amazon.com“: Компанијата е проценета на 139 милијарди долари, иако е во минус.

Jeff Bezos

7. „BlackBerry“: Компанијата е меѓу пионерите на пазарот на паметни телефони, но не успеа таму да ја задржи својата позиција.

8. „Pandora“: Откако акциите силно поскапеа во 2013-та година, „Pandora“ слезе на земја.

9. „Weibo“: Ова е кинескиот „Twitter“. И тој, како и оригиналниот, не носи профит.

10. „Zillow“ и „Trulia“: И двете компании имаат големи имиња во секторот за пребарување на имот, но и двете не носат профит.

12. „Sprint“: Компанијата не е само во загуба – тоа е голема загуба. За тековната фискална година се очекува да пријави загуба во износ од 2 милијарди долари и 1.2 милијарди долари за следната година.

profit zaguba3

13. „Square“: Компанијата инвестираше многу во нови производи и тоа засега и пречи да пријави профит. Проценета е на 6 милијарди долари.

14. „JD.com“: Кинеската онлајн продавница засега е на црвено, но инвестира сериозно и се очекува да излезе од листата.

15. „Sony“: Ова е најстарата компанија во листата. Забележа загуба во шест од последните 7 години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП