12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМладите во Франција тешко до работа

Младите во Франција тешко до работа

francuzijndui2yr823r

Младите Французи кои дипломирале мораат во просек да испратат по 29 мотивациони писма со биографија додека да најдат работа, покажуваат резултатите од анкетата која ја направи агенцијата „Opinionway“.

Според податоците на оваа агенција, во регионот на Париз младите во потрега по работа мораат да испратат во просек околу 38 пријави за интервју.

Меѓу оние кои имаат работа, 12 проценти од младите потврдиле дека претходно 50 пати конкурирале на огласите.

Како главни потешкотии со кои се среќаваат во чекањето и потрагата по работа, освен отежнатата економска ситуација, 54 проценти од младите ги навеле потешкотиите во пронаоѓањето на соодветен оглас за својот профил, додека 52 проценти навеле дека проблемот е во тоа што не добиваат одговор по интервјуто.

Во анкетата, која е реализирана од 2. до 14. јануари, учествувале 1.000 дипломирани млади лица.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП