9 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВо Битола презентација за консолидација на земјоделско земјиште

Во Битола презентација за консолидација на земјоделско земјиште

zemjodelstvo98433

Претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство­МЗШВ денеска пред пелагониските земјоделци презентираа мерки и активности од процесот на консолидација на земјоделското земјиште.

Директните средби со земјоделците од регионот се во функција на што подобро запознавање со законското решение донесено во 2013 година и имплементирање на политиките што произлегуваат од законот, истакна Перица Ивановски, државен советник во МЗШВ

„Политиките на косолидација на земјоделско земјиште во Република Македонија активно ќе се имплементираат од оваа година. Станува збор за политики што ќе го третираат главниот проблем на македонското земјоделско стопанство, односно малите, ситни земјишни парцели кои според последните податоци просечно изнесуваат по 1,82 хектари на секое земјоделско стопанство и тоа е многу малку во однос на просекот во ЕУ кој изнесува 20 хектари и кои дополнително се фрагментирани на голем број ситни парцели, меѓусебно се оддалечени“, истакна Ивановски.

Според него, овие состојби на земјоделците им предизвикуваат дополнителни трошоци при обработување на земјоделското земјиште, се намалуваат приходите и не овозможуваат примена на современа механизација.

„Очекуваме предлози од земјоделците за тоа од каде да почне процесот на консолидација на земјоделското земјиште, бидејќи ние како МЗШВ во оваа година планираме да почнеме и реализираме два консолидациони проекти. Земјоделците се свесни за потребата од активни политики на консолидација на земјоделско земјиште што ќе резултираат со групирање на земјишните парцели на едно место, со правилна форма и пристапен пат и наводнување. Потребата за иницирање на ваква активност датира од 1990 година, и токму од југозападниот регион кога во општина Новаци, земјоделци од селата Егри и Логоварди бараа отворање на процесот на консолидација на земјоделското земјиште“, појасни Ивановски.

МЗШВ ќе одржи четири регионални информативни средби. Првата се одржа во Свети Николе, а освен во Битола информативни средби ќе се одржат во општина Василево и во Скопје. За реализација на овој процес од 2017 година ќе се користат и средства од фондовите на ЕУ, беше посочено на денешната средба во Битола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП