ЕКОНОМИЈА

Продажба на државно градежно земјиште во општина Пехчево

pehcevo zemjiste 35

На три локации на територијата на општина Пехчево по пат на електронско јавно наддавање е објавена продажба на неизградено градежно земјиште во државна сопственост.

Градежните парцели се наменети за изградба на објекти од областите на туризмот, трговијата и услужните дејности и за откуп на земјоделски производи.

Станува збор за изградба на угостителски и сместувачки капацитети во туристичкиот локалитет Равна Река, изградба на бензинска пумпа на патот Пехчево ­ Делчево кај селото Црник и за изградба на откупен пункт за земјоделски производи во месноста Подуево.

Постапката за отуѓување на земјиштето ја спроведува Министерството за транспорт и врски, а почетната цена за парцелите се движи од 61 до 210 денари за метар квадратен.