19 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРускиот антикризен фонд изнесува 2,6 милијарди долари

Рускиот антикризен фонд изнесува 2,6 милијарди долари

antonsiluanovjd37ryh934

Обемот на антикризниот фонд на владата на Русија изнесува 170 милиони рубљи (2,6 милијарди долари), изјави денес пред новинарите министрот за финансии, Антон Силуанов.

Тој нагласи дека во понеделникот е одржан состанок со раководство на земјата на кој е одобрен антикризниот план, пренесува Тас.

„Сите ресурси кои ќе бидат доделени за реализација на тој план ќе бидат дадени од антикризните резерви утврдени во буџетот, кои на почетокот на годината изнесуваа 193 милијарди рубљи“, објасни министерот.

„Нашата задача не е невнимателно да ги трошиме суверените резерви на Русија“, изјави Силуанов.

Мерките за оптимизација на буџетот, за спроведување на структурните реформи вградени се во антикризниот план. Планот е направен за околу една година, но претстои подготовка на нови структурни реформи со цел остварување на нов квалитет на државната управа, нов квалитет на буџетот, со цел резервите да се сочуваат, а не да се потрошат за една или две години.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП