3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на јапонскиот извоз

Раст на јапонскиот извоз

japonija15

Вредноста на јапонскиот извоз во месец декември минатата година е зголемена за 12,9 проценти во однос на истиот месец 2013 година, и тоа е највисоката стапка на раст во 2014 година, со која се намали трговскиот дефицит за тој месец, иако тој на ниво на цела 2014 година беше рекорден, покажуваат податоците на Министерството за финансии.

Извозот во извештајниот месец е подобар од очекуваниот веќе четврти месец по ред, профитирајќи од депресијацијата на јенот и поголемите испораки на возила во САД, како и подобрената продажба на електроника на кинескиот пазар, пренесува Ројтерс.

Економистите за декември 2014 година во просек очекуваа раст на извозот од 11 проценти, откако во ноември тој оствари раст од 4,9 проценти на годишно ниво.

Увозот е зголемен за 1,9 проценти во декември, што е помала стапка од она која ја прдвидуваа експертите (2,3 проценти), но сепак е доволно за Јапонија во тој месец да забележи трговски дефицит 30 месец по ред.

Во декември минатата година, според податоците на Министерството за финансии, јапонскиот трговски дефицит изнесувал 660,7 милијарди јени (4,99 милијарди евра), што е практично двојно помалку во однос на декември 2013 година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП