3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗFIAT-Chrysler: 20 нови модели до крајот на 2016-та

FIAT-Chrysler: 20 нови модели до крајот на 2016-та

alfieri mass

Групацијата „FIAT Chrysler Automobiles“ (FAC) планира до крајот на 2016-та година да претстави 20 нови модели, а со тоа да ја зголеми продажбата и профитот.

Како што изјави извршниот директор на групацијата, Серџо Маркионе, тоа е дел од стратегијата според која продажбата би требало да порасне за 60 отсто или на 7 милиони автомобили во 2018-та година.

За да се достигне оваа цел, предвидени се инвестиции од 48 милијарди евра.

Планираните инвестиции во производството ќе го достигнат врвот токму во 2016-та, така што ќе го поддржат лансирањето на нови и редизајн на моделите на автомобилските марки кои се под капата на „FAC“.

Во тој период, на пазарот ќе се појават „Maserati Alfieri“ и „Levante“, најмалку две нови возила од „Alfа“, како и нови модели од другите брендови кои се дел од оваа групација.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП