21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАS&P го намали кредитниот рејтинг на Русија

S&P го намали кредитниот рејтинг на Русија

rusija

Агенцијата „Standard & Poor’s – S&P“ го намали кредитниот рејтинг на Русија на неинвестициски, т.н. „ѓубре“ рејтинг.

Како што пренесува АП, агенцијата на Русија и го намали рејтингот на „ВВ+“ од „ВВВ-“.

Вака нискиот рејтинг на Русија и е даден поради слабеењето на рубљата и слабеењето на приходите на земјата од извозот на нафтата.

Агенцијата рејтингот го намали од „ВВВ-“ на „ВВ+“ наведувајќи дека финансиските заштитни механизми на Русија се загрозени поради падот на вредноста на рубљата и намалените приходи од извозот на нафта и гас.

Руската економија е тешко погодена од падот на извозните цени на нејзините енергенси и санкциите кои Западот ги воведе кон неа поради кризата во Украина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП