3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVolkswagen го стега ременот!

Volkswagen го стега ременот!

vw kais 5

Германската компанија сака да го намали бројот на компоненти кои се вградуваат во различни модели на автомобили и на тој начин дополнително да ги намали трошоците за производство, најави финансискиот директор, Ханс Дитер Поетш.

Заштедите во процесот на производство се многу важни за успешно работење на автомобилските компании.

Големите производители на возила се обидуваат дополнително да ги намалат трошоците така што исти делови се вградуваат во два или повеќе модели. Ханс Дитер Поетш смета дека во „Volkswagen“ постои потенцијал за дополнително намалување на бројот на поединечни делови и компоненти.

Исто така, како конкретен пример на штедење, компанијата планира за 30 проценти да го намали изборот на мотори и менувачи кои ќе бидат понудени во наредната генерација на моделот „Polo“.

Volkswagen“ уште претходно имаше зацртано дека до 2017-та година ќе ја зголеми заработката на 5 милијарди евра.

Од друга страна, целта е оперативниот профит на оваа автомобилска марка да се зголеми за 2.3%, колку што изнесуваше во 2014-та, зa 6% во 2018-та година. За да го постигнат тоа, неопходни се новите заштеди во производството.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП