11 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродадени градежни парцели во зоната „Речани 2“ и кај езерото „Младост“

Продадени градежни парцели во зоната „Речани 2“ и кај езерото „Младост“

parceli

Општина Велес продаде 9 градежни парцели во индустриската зона „Речани 2“ и 4 кај езерото „Младост“ преку две јавни наддавања по електронски пат, информира денеска на прес­конференција градоначалникот Славчо Чадиев.

Од продажбата на градежното земјиште во зоната „Речани 2“, Општина Велес ќе инкасира 16.194.539 денари. ­ Почетната цена на наддавањето на кое што беа пријавени 34 кандидати изнесуваше 61 денари по метар квадратен, а највисоката продажна цена за една парцела изнесуваше 651 денари по метар квадратен, рече Чадиев.

На продадените 4 парцели кај „Младост“ се предвидува изградба на мотели. Почетната продажна цена на овие парцели изнесуваше 283 денари од метар квадратен, а сите се продадени по цена од 313 денари за метар квадратен.

Чадиев истакна дека продажбата на градежно земјиште во индустриските зони и кај езерото „Младост“ е од огромна важност за стопанскиот развој на Велес од повеќе причини. Основно е развој на стопанството и можност за отворање на нови работни места. Тоа значи јакнење на фирмите и подигнување на стандардот на граѓаните. Придобивка е урбанизацијата на крајбрежјето на езерото и негово уредување. Со изградбата на комплекси од хотели и мотели се зголемува можноста за поквалитетна туристичка понуда, за развој на ловен, риболовен и транзитен туризам, потенцира Чадиев.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП