16 јуни, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАРаст на деловната доверба во Германија

Раст на деловната доверба во Германија

germanija1

Деловната доверба во Германија во јануари порасна на највисокото ниво за последните шест месеци, како резултат на подобрената перспектива за најголемата европска економија.

Индексот на деловната доверба, кој го пресметува германскиот економски институт ИФО, порасна во јануари на 106,7 поени од декемвриските 105,5 поени, се наведува во соопштението на Институтот и се додава дека тоа е трети последователен месец со раст на индексот, пренесува агенцијата Франс прес.

„Компаниите се далеку позадоволни од актуелната деловна ситуација и повеќето се оптимистични во поглед на идните деловни перспективи. Германската економија регистрираше успешен почеток на годината, изјави претседателот на Ифо, Ханс Вернер Син.

Ифо го пресметува индексот врз основа на проценките на компаниите за нивната актуелна деловна прогноза и прогнозите за наредните шест месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП