10 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИТримесечниот профит на GE забележа раст за 61%

Тримесечниот профит на GE забележа раст за 61%

ge prof

Нафтениот и гасен бизнис на „General Electric Co“ (GE) успеа да го издржи големиот пад на цените на суровините, но и покрај тоа, компанијата се подготвува за продлабочување на проблемите во наредните месеци.

Во последните три месеци на 2014-та година акциите на единицата на американскиот гигант се намалени за 10%, притоа вклучувајќи го и падот со 72% на акциите на опремата за дупчење.

За три месеци, заклучно со 31-ви декември, профитот на „GE“ зголеми за 61 отсто до 5.15 милијарди долари од 3.21 милијарди долари, една година порано. Приходите пак се зголемија за 4% до 42 милијарди долари.

За последната деценија главниот извршен директор на компанијата Џеф Имелт насочи значаен дел од своите напори токму во нафтениот и гасен бизнис, кој донесе 17% од приходите на компанијата во минатата година. Тоа беше и една од главните причини дел од раководителите на „GE“ да се предупредат за можни падови и во приходите, и во добивката во тековната година.

Падот со 6% на годишна основа во приходите од нафтениот и гасен бизнис за последниот квартал беше проследено од добрите резултати во други делови на индустриското портфолио, како што се производството на млазни мотори и локомотиви.

Индустриските приходи се зголемија за 6% во однос на претходната година. Главната причина беше подобрувањето на позициите на „GE Capital“ на многу од клучевите пазари во светот, претежно во Азија.

Акциите на „GE“ во петокот на „Wall Street“ беа затворени по цена од 24.48 долари при дневен раст од 0,82%.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП