21 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАМакедонската Царина иницира заедничка гранична контрола со соседите

Македонската Царина иницира заедничка гранична контрола со соседите

sorabotka carini

Македонската Влада на владите на соседните држави да им понуди склучување меѓународни договори за конкретни гранични премини на кои би се реализирал концептот на заеднички гранични контроли, иницира денеска македонската Царинска управа по повод Меѓунродниот ден на царината.

Со воведување на концептот заеднички контроли со соседните земји на повеќе гранични премини, според Царината, ќе се овозможи единствено застанување и контрола на патниците, стоката и превозните средства од страна на граничните служби на две соседни држави.

Инцијативата, според денешното соопштение од Царината, следи по согледување на сите аспекти, (инфраструктурни можности, организациска поставеност, можност за дополнителни вложувања,..)

На координираното гранично управување е посветен и овогодишниот Меѓународен ден на царината. По тој повод на иницијатива на Царинската управа на РМ шефовите на македонските гранични премини одржаа средби со своите колеги од царинските служби на соседните земји.

Воедно македонската Царина додели 6 благодарници за досегашната одлична соработка со царинските испостави на Србија и Косово и со Министерството за внатрешни работи на РМ.

Светската царинска организација традиционално, преку своите членки, меѓу кои е и Царинската управа на РМ доделува благодарници на лица и организации кои придонеле за подобрување на координираното гранично работење.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП