22 јуни, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАПадот на нафтата и еврото и одговара на Шпанија

Падот на нафтата и еврото и одговара на Шпанија

9110635554c627583968d411958776_640x512

Економијата на Шпанија оваа година би можела да оствари раст од дури 2,5 проценти, доколку цената на нафтата и вредноста на еврото останат на ниско ниво.

„Кога станува збор за 2015 година свесни сме дека актуелната прогноза за економскиот раст од два проценти е под пазарните очекувања“, изјави шпанскиот министер за економија Луис де Гиндос за шпанскиот весник Експансион.

Тој додаде дека оваа проекција е изработена пред неодамнешниот пад на цените на нафтата и падот на вредноста на еврото во однос на доларот, што би можело да му даде поттик на шпанскиот извоз, пренесува Франс прес.

„Ако цените на нафтата и вредноста на еврото останат на актуелното ниво, ќе имаме дополнителен раст од 0,5 процентни поени, и тоа е внимателна проекција“, изјави Де Гиндос.

На средината на декември минатата година, еврото изнесуваше 1,25 долари, а денес 1,12 долари, додека цените на нафтата од јуни минатата година се намалија за 60 проценти, под психолошката граница од 50 долари за барел.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП

NEWSLETTER

Добивајте вести на e-mail

Бидете во тек со најновите вести од Денар