3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗВака би можел да изгледа Audi Q6 (фото)

Вака би можел да изгледа Audi Q6 (фото)

audi-q6-render-1

Додека „BMW“ минатата година ја промовираше втората генерација на „SUV-Coupe“ моделот „X6“, „Mercedes“ дури овој месец на саемот за автомобили во Детроит го претстави својот одговор во видот на моделот „GLE Coupe“. Остана тоа да го стори и „Audi“.

На овие неофицијални компјутерски цртежи (настанати врз основа на официјалните слики на новиот „Audi Q7“) е предлогот како би можел да изгледа конкурентот на „Audi“ на споменатите модели на „BMW“ и „Mercedes“, кој би требало да ја има ознаката „Q6“.

audi-q6-render-2

Според информациите кои кон крајот на минатата година ги објави германски „Auto Bild“, „Audi“ до 2017-та година во фабриката во Мексико ќе започне да го произведува и моделот „Q6“, а пред тоа и новиот „Q5“, кој од погонот во Сан Хозе Чиапа ќе започне за излегува на средината на 2016-та година.

„Q6“ сериски ќе има погон на сите четири тркала, а во гамата на мотори, според претходните најави, на почетокот ќе бидат два бензинци и два дизели. Подоцна се очекуваат и помоќни агрегати, и тоа верзиите „S“ и „RS“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП