18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ: „Да го отпишеме долгот на Грција – невозможно“

ЕЦБ: „Да го отпишеме долгот на Грција – невозможно“

grcija-ecb-eu

Европската централна банка (ЕЦБ) не може да учествува во никаков отпис на долговите на Грција, изјави членот на Извршниот одбор на оваа институција, Беноа Кур.

„Европската централна банка не треба да одлучи дали на Грција и е потребен отпис на долговите, но е апсолутно јасно дека не можеме да се согласиме со отпис на побарувањата на име на грчките обврзници во сопственост на ЕЦБ. Тоа е невозможно од правни причини“, изјави Беноа во интервјуто на германскиот дневник „Ханделсблат“, пренесува агенцијата Франс прес.

За време на должничката криза, ЕЦБ купи голми количини на грчки хартии од вредност, и сеуште некои од нив ги држи во своето портфолио.

Отписот на долгот, како што оценува француската агенција, е еднаков на монетарното финансирање (печатењето на пари за спасување на државите од долгови), што според статутот на ЕЦБ е строго забрането.

Грчкиот народ на вчерашните парламентарни избор, гласаше во корист на грчката левичкарска партија Сириза, која вети дека ќе преговара за отпис на голем дел од грчкиот долг и ќе им стави крај на строгите мерки за штедење, што особено ја загрижи т.н Тројка (ЕУ, ММФ и Европската централна банка).

Беноа, исто така порача дека владите на европските земји мораат да спроведат реформи и да ги консолидираат националните буџети поради постигнување на одржлив економски раст и отворање на нови работни места.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП